БУКВАЛИСТА
Еве да пружам машина и доаѓам.
=> Е ај баш да те видам пружи ја! 🙂
Абе, колку фати саатот?
Или…колку дојде саатот?
=> …Еднаш дојде и фати 5000 на Интер.
А, и она “си лета времето” е добро.
Дај плати сметката, еве 15-ти кај иде.
=> Е кај го гледаш да иде жити се.
Ааа ќе паѓа владава!
=> Само да не се удри многу бе…
Почекај ме, за 15 минути и ја бегам.
=> Па не мислев да бегам бе…
Стварно, кој прв почнал да бега наместо да си замине културно..?
Мртов гладен сум!!!
=> ???
Или она, “Не к*р јади г….” никогаш не го разбрав. Што почнаа да го ставаат к** у секоја реченица?!
Ме врти коленово.
=> Слика: Едно супер-колено како те зима и те врти уздуж и попреку. На крај те џитка во вис.
Апропо коленото има и “Ме кине стомакот”.
Али тоа би било прилично језива слика, па да не правиме хорор сценарија…
Игра- растура!
=> Тип што игра на свадба и попатно ги влече сите чаршави од масите.
To be continued…
Умни глави, дополнете ме! =)))
Смеј се – ќе вечераме!
… никад не сум ја нашла логиката, ниту аналогноста меѓу смеењето и вечерата?!
А дека мечки се женат кога има виножито?? :)))