Skip to content

БУКВАЛИСТА

October 20, 2011

Еве да пружам машина и доаѓам.

=> Е ај баш да те видам пружи ја!  :)

 

Абе, колку фати саатот?

Или…колку дојде саатот?

=> …Еднаш дојде и фати 5000 на Интер.

 

А, и она “си лета времето” е добро.

 

Дај плати сметката, еве 15-ти кај иде.

=> Е кај го гледаш да иде жити се.

 

Ааа ќе паѓа владава!

=> Само да не се удри многу бе…

 

Почекај ме, за 15 минути и ја бегам.

=> Па не мислев да бегам бе…

Стварно, кој прв почнал да бега наместо да си замине културно..?

 

Мртов гладен сум!!!

=> ???

 

Или она, “Не к*р јади г….” никогаш не го разбрав. Што почнаа да го ставаат к**  у секоја реченица?!

 

Ме врти коленово.

=> Слика: Едно супер-колено како те зима и те врти уздуж и попреку. На крај те џитка во вис.

 

Апропо коленото има и “Ме кине стомакот”.

Али тоа би било прилично језива слика, па да не правиме хорор сценарија…

 

Игра- растура!

=> Тип што игра на свадба и попатно ги влече сите чаршави од масите.

 

To be continued…

Умни глави, дополнете ме! =)))

2 Comments
  1. Nate permalink

    Смеј се – ќе вечераме!

    … никад не сум ја нашла логиката, ниту аналогноста меѓу смеењето и вечерата?!

  2. А дека мечки се женат кога има виножито?? :)))

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: