Skip to content

НАЈУБАВА МУЗИКА…

March 13, 2013

 

Прв пат по долго време знам точно се’ што сакам да кажам и пак немам доволно добар почеток!

Уште еден одличен доказ дека најубавите нешта и вистинската уметност немаат цена. Како инаку да сфатам дека она што го видовме, слушнавме и почувствувавме вечерва чинеше 150, повторувам 150 денари?? 150 денари- како 1 пијачка на пример, кај Аца шмрк Мрсниот и нему сличните, 150 денари како хамбургер од 7-ца и орбит за после плескавицата, 150 денари како такси од Карпош до Чаир… Како да го сфатам тоа освен како чист потсмев кон сами себе и шамар за освестување?

И колку беше добро со моите 24 да слушам песни дупло постари од мене и да ги уживам, да си велам, блазе си им на моите како растеле, блазе мајка ми што ја канеле на игранки на ваква, најубава музика. Ако сакаш да дознаеш нешто повеќе за некој човек или народ, само погледни каква музика сака да слуша. Цела култура се отсликува во музиката, цел ментален склоп и начин на живот. Не сум музички којзнае колку писмена. Мојата дефиниција за квалитетна музика е едноставна- музика што не удира во мозок, туку во срце и малку подлабоко. Музика што не бара алкохол, туку и самата делува многу поразорно од било која хемија. Музика како склоп од ноти во најубава хармонија, музика која гали, музика која малку и боли зошто “и сузе и смех за душу су лек…заувјек”🙂 А тоа е правата музика. Лек за душа.

Е, една таква музика вечерва ни подарија маестро Драган Мијалковски, одличниот ревиски оркестар и маестро Кире Костов. И не е тоа само музика, тоа е чиста емоција! Или ќе му дојде на исто?😉 Во превод – ежење, двочасовна насмевка, восхит и споени дланки за аплауз и благодарност.

А јас само се надевам и посакувам деновите на македонска музика да се претворат во години на македонска квалитетна музика, можам само лудо да се надевам дека Аца шмрк Мрсниот и нему сличните собраа доволно добра паричка за да одат малку на Бахамите и да одморат и ете, можам и ќе си земам за право да се надевам дека допрва ќе се родат нови потенцијални легенди и правилно ќе го усмерат сиот свој талент и енергија.

Малку ми е срам што во ист пасус споменувам доајени и онакви, сосем различни. Ама сами си го бараме! Никој со сила не може да ни донесе кич и да не натера да го конзумираме. Сами си плаќаме, и малку ни е! Што би рекла една твитерска умна глава- Enfant Terrible ‏@lilovacha : “Да бев богаташ ќе бев модерен Робин Худ и ќе ги откупував сите карти за настани од типот Аца Лукас во Колосеум да ми седат така дома” :-)))

Малку се тргнав од темата. Зборот ми беше- секоја чест маестро…Секоја чест!

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: