Skip to content

На буква, на буква…Љ

October 27, 2011

Ах, како да ти кажам…

Знаеш…па да, всушност знаеш,

знам дека мора да знаеш…

Такви нешта просто се знаат.

Ама јас… па добро, ме знаеш мене,

јас мора да си напишам,

да си поиграм со зборови во ритам на емоции,

тоа е првото нешто што го научив

и не знам кој повеќе ужива-

јас додека пишувам или ти додека читаш?

 

А пази, можеби и не сум толку вешта,

не, сигурно  не сум до толку вешта

онака…да излеам баш се’

и ти да ја почувствуваш секоја моја вибрација.

Гледаш, несмасна сум овој пат, признавам,

можеби и до степен на патетика

и ова е далеку од љубовна песна

на која се топиш од прво читање

и со која некој би се додворувал некому.

 

Можеби никогаш нема да бидам толку вешта

и да пренесам емоција во хармонична синтакса.

Ова, по сите критериуми впрочем не е ни песна,

но знам, кога ти ќе прочиташ,

сето тоа ќе биде совршено…

А и кога некој друг ќе прочита,

Ако некогаш љубел…пак ќе биде совршено.

Негово совршено.

И кога трет ќе прочита и ќе се изнасмее,

Па…се надевам еден ден ќе заљуби.

 

А јас…можеби некогаш

ќе ти напишам вистинска љубовна песна.

До тогаш, ќе си играм со зборови и ќе те љубам…

One Comment
  1. И да, ЗНАМ дека има многу “знаење” во првиот дел🙂 ама…како што пишав, ‘несмасна сум овој пат, признавам’… =)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: