Skip to content

5 години матура

May 13, 2012

Не е многу. Уште нема ќелави и дебели =) Истите, малку од малку пооформени, поусмерени, разубавени, малку променети. Истите гласови, истите насмевки, истите будалаштини, за една нијанса поинакви.  Истите клупи во Борис, истото игралиште, нови генерации, нов директор…Неки нови клинци сега измислуваат 100 оправданија, пијат кафе во Манго, овај Танго наместо час физичко, треба да завршат итна волонтерска активност за време класен, измислуваат нови техники на препишување и се молат да не ги испрашаат. А ние, ние продолжуваме среќавајќи се одвреме навреме, со милион спомени зад нас. И во еден ваков јубилеен ден, како да не ги спомнеш Стефан и планет Криптус, сонародникот Деки, перничето и далечинскиот за да ги става на mute професорите, зелката со прикачената танга, бакарот во Чиле, Џена Џејмсон, сцената на бродот, изненадниот тест во среда, машките на час по пракса (Биле)🙂 Зикова, Ивана и Кушевска, тестовите по музичко, приказната за на Перо дедо му, заглавените брави од училните, другарот што беше тажна… =) Кој ли сега краде дневници, кој им пишува кецови на петкашите? Кој фрла некоја друга мала плава од прозор? И кој ја има среќата Вики да му е класна??

“Неее така Ивана, одете, само не ја лажи класната!”

“Мери, стави тука четворка Мери, стави, па гледаш има основа, има една двојка!”

“Ивана, фрлиле – не фрлиле од прозор, на час треба да си бидеш!”

“Добро е, одлично, два минус!”

(на проф. математика): “ Па она колку задачи решила, ти толку на цел факултет не си решил! Ти на нејзе четворка??”

Само уште со Д. никој не излегол на крај. “Изаџи напоље, одма!!! – (Он изаџе…) Ма камо ти, камо??? Марш на место!”

Сигурно уште имаат цели тефтери со нејзини алтани.

“Мијалков, како ти е презиме?” – Бојан ми е име професорке, Мијалков презиме. “Ти мене зезаш?? Марш напоље, марш!!”

Се прашувам и дали сеуште користи изолир за наочарите…

И кој станува сега за Фрау Трифуновска? “Guten Tag!”  -“Setzt euch!” Кој знае што прават сега ќерките нејзини? И кој и’ лепи мастика за столчето…?? =)

Неки нови клинци сега имаат свои приказни, пишуваат своја историја низ истите ходници, се шмекаат, се ќаруваат, се скаруваат, се мират…Ние нашето го поминавме, најдобро што знаевме! И убаво е, баш е убаво кога од време на време ќе се сретнеме. Да ја прераскажеме златната приказна на IV-3, да не се заборави…🙂

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: