Skip to content

Те молам

May 3, 2012

 

Те молам не ми купувај Ајфелова кула од Париз,

во ниеден облик…

Не дека сите ги имаат, ама стварно…што ќе ми е?

А убав е Париз… него, ти се оди во Берлин?

Ти се оди ли воопшто некаде, било каде?

Би заминал?

А јас?

 

И не мора да го шараш ѕидот “на Јулија”.

Не сакам да се мешам во туѓи приказни.

Премногу ливчиња, премногу љубови.

А ние двајца.

 

Еве, би можел да ми напишеш графит на новата фасада.

Би можел да ми нацрташ и криво срценце.

Би можела да збеснам.

Татко ми би можел да те утепа,

Ама тоа е.

 

Во меѓувреме, би можеле да одиме кај сакаш.

Не ни требаат паралелни универзуми,

Не ни треба да не извлечат за патување од соништата,

Може да се пикнеме и во некое село, под Бистра, или… кај и да е.

Шатор имаме. Имаме и ѕвезди.

За враќање, ќе се договориме…

 

Те молам, малку да не ни е гајле.

И една дупла ако сакаш, со повеќе мраз.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: