Skip to content

Единица мерка

April 14, 2012


Како да мора се’ да се измери, спореди и премери,

И како да постои мерка за сите тие нешта и состојби…

А кој може да измери колку долго е доволно за човек да се покае,

Кој смее да суди за туѓите грешки освен безгрешниот,

Кој може да измери колку пат прошол талкачот

И колку болка памтат раните негови?

 

Кој може да измери која е разликата во топлина помеѓу бакнатиот образ и оној другиот,

Кој може да претпостави колку спомени кријат наборите на она добро познато лице,

Кој се осмелува да ги зароби сите оние мали радости во грст години и статистики,

Кој се осмелува да ги спореди 60-те секунди со оние 60 во кои болно недостигаш…?

 

Мерат…и кога треба и кога не треба,

Како болна потреба од концизност и дефиниција

онаму каде неприродно и беспотребно е да ја има.

 

Мерат…колку да кажат дека измериле,

Зошто и егото од нешто мора да се храни

И посигурни се кога има пресуда, каква да е, за сенешто што не опкружува.

 

А кој може да каже колку вреди еден живот човечки, мачешки, кучешки?

Ќе помогнат ли сега вашите прецизни ваги и ценети лични судови?

One Comment
  1. Секогаш длабоко…🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: