Skip to content

Искушение

April 1, 2012

 

А како би било еднаш да погреши,

Случајно, или сосем намерно,

Да ја снема, просто да исчезне,

Да го измами сонцето да изгрее неколку часа порано,

А таа да оди да одмори

И од најскриениот агол

Сеирџиски да набљудува

Што се случува кога пред очи навикнати на мрак

Ќе блесне неочекувано новиот ден?

 

Како би било еднаш да ги остави

Работите така несредени,

Забавите прерано прекинати,

Пијаниците неотрезнети,

Тајните разоткриени,

Работниците ненаспани,

Љубовниците неизљубени…?

 

Еднаш, чисто за проба,

Само додека не му се смачи на сонцето

Од сите тие чудесии, за него непознати

И само додека не зајде пустото, од мака.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: