Skip to content

Пролетна

March 28, 2012


Мирисаше на пролет…

Станот- чист и проветрен. Забрзан, почна да средува сенешто…

Како изгледа собата? Да не делува премногу празна вака исчистена и средена..? Да ги врати рамките со слики?

Упс, и онаа старинска вазна за цвеќе од дневната- брзо криј ја! Во што да го стави сега цвеќето…Чорапите!! Боже како заборави на чорапите?! Три и пол пара расфрлани по подот…

Точно пладне- само што не дошла. Не, нема да дојде точно навреме. Ќе касни 5-10 минути. Сигурно.

А така убаво мирисаше на пролет…

Цветната блузичка или белата кошула? Кошулата…сепак кошулата- едноставна, а  убаво деколтирана. А косата?? Ух како го мразеше тој дел… Смотаница, имаше преубава кадрава коса… Целосно пуштена? Не, и’ пречеше и делуваше  некако несредена. Штипче, шнола, пунџичка, коњско опавче..??

Будалетинка… Машките ја обожаваа таа мека лелеава коса пуштена онака безгрижно да ги гали нејзините гради и рамена.

Точно напладне. Ќе касни 5-10 минути…И оние непланирани 5, ете ги 15. А баш не сакаше да биде предвидлива.

А тој, тој мислеше дека мириса на пролет се додека не влезе таа и не ја донесе пролетта со себе. Колку ли само нијанси имал мирисот на пролет…Втиснат во кошулата, во неговите прсти, во нејзината коса, во белите ѕидови…Нежно застанат на сказалките од часовникот, со различен интензитет за секоја помината минута…

Да, така убаво мирисаше на пролет…И така долго се памети мирисот на дожд во пролет…

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: