Skip to content

Каспер

March 20, 2012

Си живееше Каспер и многу му беше убаво. Ги набљудуваше луѓево и уживаше во неможноста тие да го набљудуваат него. Никој не можеше нешто да му рече или пререче, никој не можеше да го прашува и да му додева, никој не го ни забележуваше, никој не можеше да го повреди…Никој едноставно не му можеше ништо. Каспер- без право на учество; Каспер- во улога на случаен набљудувач. И ете го Каспер, грицка сончоглед и си посматра, што ќе праи… А има и што да види…Не му требаше долго пред  да попушти со нервите. Калабалак…Си вика, дај бе да се пуштам малку меѓу жививе, да видам како иде живот. И би- Каспер жив, здрав меѓу живите.

“Кај си брат, како е?” | “лИлее, ама си се разубавеллл…” | “Каспер дај бе кафе да пиеме…” | “Значи верувај ми, од сите најмногу тебе те ценам” | “Топ си, кис4е, лигу6ка…” “Каспер злато, втор си ми!”  – (кој црн втор, па тој минимум со 7 души ја имаше случајно видено дури беше на OFF!)…

Ај ај ај…Шта им би? До вчера не ни знаеја дека постои, а сега кога е до нив го опсипуваат со внимание. Главен бе, главен! Освен тоа, многу боље вака светов некако, идеален! Лав хепинес сегде наоколу, он будала што не се уклучил досега! Само му удри малку славата во глава, а и уште повеќе го заморија овие луѓево досадни. Тој пустиот ненавикнат на гужва, си вика, чекај да се ставам малку на OFF, да одморам еден ден ко порано…

Кардинална грешка, Каспере!

“Леле оној Каспер педерон…” |“Аии ама оружнел!” |“Претплатникот во моментот не е достапен или е надвор од мрежно покривање…” |“Глуперда тешка, кој го вработи, кај се запусти…” |“Со Каспер?? Никад!”…

Е тек сега се збуни. Тек сега не знае кој е кој а што е што. Бунило! Ах кој ѓавол го тераше експерименти да праи…

Него Каспере, дај ти само одлучи ON или OFF и ој грабни по некое пиво. За со сончогледот…

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: