Skip to content

Филм

February 25, 2012

Чудна околина.  Не ќе да сум била тука претходно. Се’ нешто ново и занимливо…Посебно горниот дел од плакарите, таванот, корнизите и сите останати работи што се гледаат единствено кога те држат во раце очајно обидувајќи се да те успијат. А тебе очите отворени стотка. Не заспиваш. Истражуваш, и тоа се меѓу првите спомени од овој живот. CUT.

Стариот кауч, баба и некоја книга. Спој помеѓу нејзиниот глас и формата на буквите. CUT

Плаво точаче со три тркалца. Чај од нане во полалитарско шишенце од вода. Дедо, другарите и кружниот тек во парк. Венец од детелинки. Мастики и бомбончиња од победата во шах. CUT

Шатори од бели чаршафи. Игра во која треба да ја поминеш цела соба, без да стапнеш на подот.  По некоја модрица и гребнатинка. CUT

“Затворете ги долната и горната усна и не му давајте на воздухот од градите да излезе. Потоа, пуштете го низ нос, ама така гласилките во грлото да затреперат. М! М! Мусака со миродии…Манџа со магдонос. Модри патлиџани. Малини…М- Малер! ” CUT

Бело фустанче со сини цветчиња. Фризура ала нокшир – мини тенџерче. Мама спрема, облекува и чешла. Тато шета за раче низ плоштад. Слика со Пајо Паторот. CUT

Плаво точаче со помошни тркалца. Виолетка. “Ме држите?? Те држиме! Ме држите??? Те држимеее!! Ме држите??? (Свртување позади…) Пад на калдрмата. Нова рана. CUT

“Мамо, мамо, слушај, напишав нова песничка!” Ангел на мама… CUT

Жмурка. Делфин. Народна. Лепчиња. Шуто-дупе. Берење зелени сливи. Тезги пред куќа. Ариел. Покахонтас. Пепелашка. Снежана. Мулан. CUT

“Тато, само што излезе ти, Жаре почна да ме брка. Ми викаше………, ………… и ……….. Ме кубеше и ми мавна силен ластик. (Илустративен запис). Потпис- Д.”

-Посвета на слика- “Кога те донесоа прв пат мирисаше на млеко и колачиња. Сега кога се враќаш мирисаш на вино и цигари🙂 Ама знај дека ти секогаш ќе бидеш моето колаче. Те сакам најмногу, бато.” CUT

Равенки со две непознати. Систем. Прв обид. Лош систем. Втор обид. Три непознати. Трет обид. Јессс. Живот… CUT

Равенки со многу непознати. Систем. Лош систем. Решение- свој систем. Живот… CUT

Growing up…Навраќање, сценирање, запишување. Блог, меѓу другото…Живот…Филм…to be continued, lived and laughed- меѓу другото… CUT

 

 

 

 

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: