Skip to content

До пола

January 30, 2012

Има пар работи за кои што, како што викаат, вреди да се штеди. Да, вреди да се штеди на пример во банка за да обезбедиш нешто посигурна иднина за тебе и твоето потомство, бла, бла,бла… Вреди да штедиш и ако е при крај на месец, па тогаш ете не мора да купуваш ананас, јапонски јаболка и пршута, може да поминеш со нешто поскромно- да речеме мушмули…Мислам, ако веќе мораш…А се дешава.

Али, зошто да се штеди на други работи, кога не мора? Ај што не мора, туку не треба бре…Зошто се некако се штеди баш на оние “најефтините”, а наједноставни нешта што ти ја даваат цела среќа на свет дури и кога си идеш дома со 35 МКД у џеб? Зошто некогаш кажуваме половично добар ден, со третина насмевка? Зошто ги штедиме белите дробови, (освен кога она црвенана стрелка на новите ни мерачи дречи ко red light district), зошто вдишуваме половично и омлитавуваме? Што не кошта рецимо да се насмееме од 8 до 8 и да си го разубавиме денот- и нашиот, и на оној со кој се разминуваме? Што не кошта да појачаме малку глас, да додадеме уште малку боја, да се изнасмееме онака кретенски- до крај, да се изнаплачеме ако ни се плаче наместо да градиме брани после десеттата солза…? Што не кошта да додадеме уште малку интензитет на се’ она што сакаме да го правиме и во што уживаме? Не мора сите да скокаме банџи и да изнашетаме во преку 50 земји (иако е фино сето тоа:) за да кажеме дека сме живееле исполнет живот и дека сме задоволни. Доволно е се’ што правиме, да го правиме до максимум, до нашиот максимум,  да се посветиме целосно на сите оние мали нешта што не прават среќни. Зошто еден ден да речат за нас- “ Па така, тој живееше од 1988 до xxxx” наместо “Да, он живееше до даске од 1988 до хххх”. А даските, фала Богу, на сите ни се различни…

И така ви викам јас, малку нешто сакав да си напишам. И ете, малку нешто вакво излезе.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: