Skip to content

Неговото височество- Креветот

December 13, 2011

Јас пак со славење на едноставни ствари. Ама ај кажи дека кревет не е институција!  И тоа сосе јорган и перница, 3 в’едно.

Еве на пример, да земеме дека буквално од таму ни започнува животот. Мајка ти се породила на кревет т.н. бокс, а и самиот зачеток на повеќето од нас мошне веројатно ни е на некој кревет. И кога сме се родиле, сме поврискале, не завиткале и удобно не сместиле во некое кревет-че.

Мислам, добар дел од животов ни поминува во кревет, па срамота е да не се шкртне по нешто за омиленото место на многумина (јас->знак за подмножество->многумина).

Кревет може да биде место за одмор, засолниште, најинтимен дом…Она чувство кога после напорен ден ќе го почувствуваш добро познатиот душек како се прилагодува на твоето тело, џоа некој стар љубовник. И ќе се покриеш со мекиот јорган, оградувајќи се од се’ останато. Е сега си дома… се поздравуваш со денот, се поздравуваш или не со се’ околу тебе и се одјавуваш …на некое драгоцено време. Со насмевка се свиваш во тоа свето катче и уживаш во едноставната спокојност на неговото Височевство.

И како да не го славиш, кога е толку едноставен, а благороден. Мултинаменска направа створена за разноразни задоволства. Место што те поттикнува на неограничено мечтаење, а воедно е и домаќин при остварување на некои од твоите мечти… Место каде што се чувствуваш толку сигурно, среќно и спокојно. Место што секако заслужува малку почит и благодарност🙂

Извор: aaanything.net

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: