Skip to content

Скопје во мене

December 10, 2011

Растеме заедно- јас и Скопје… Некој ќе рече, постаро е Скопје. Но годините тука немаат посебна улога и моите 23 некако совршено се испреплетуваат со неговите, многу побројни. Во секој дел од мене јас носам нешто негово, исто како што и Скопје ги чува моите чекори. И не е тоа само заради (не)случајната географска околност, токму тука да бидам родена. Со неговото постоење, со неговата текстура и содржина тоа има влијаено врз добар дел од она што сум јас и од мојата денешна перцепција. Формата, градбите, воздухот, местата, музиката, жителите, природата…се’ тоа се вклопува и формира еден битен дел од нашата приказна.  Сите ние носиме мало Скопје во нас. Да, каде и да одам со мене патуваат неколкуте клупи од паркот, парче воздух, по некоја коцкичка од калдрмата, едно ѕидче, залче од домашниот ручек, голтка Т’га, неколку акорди, едни скалички, едно дрвце, всушност…повеќе дрвца и многу липи.

Дрвцето

Едно од оние дрвца. На 15 минути од врв на Водно (женска мерна единица за растојание:) Да ми го поздравите ако се сретнете.

А и Скопје памети многу чекори, многу жители, многу приказни, многу измени…Премногу луѓе влијаат врз неговиот живот, врз неговата приказна…Ние сме многу, а тој е еден. И ќе продолжи да живее и по нас, пренесувајќи ги на наредните генерации приказните за неговите последни жители, фалејќи ги или колнејќи ги сите наши дела и недела.

 

Извор: postcards.delcampe.co.uk

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: