Skip to content

Јас, протоколот и обичаите

November 29, 2011

Не се разбираме баш- јас и протоколот. Јас не ја разбирам потребата за неговото оптеретувачко присуство (во некои случаи), како што тој не го разбира моето инфантилно однесување при истите случаи. Да сум Протокол- и јас не би се разбрала! Јас не сум јас за време на оние ситуации. А корените се длабоки и далечни…

Мојот прв училишен ден- свечениот 01.09.1995, воедно беше и мој роденден (школарче…=). И ме имаш мене, 7 годишно жгепче- дотерано, средено, избањато, исчешлано, што би се рекло на готовс за нов убав старт наречен образование, нови другарчиња и уште пар работи. Мајка ми убаво ми спреми бонбончиња за частење и неколку пати ми повтори како да ги почестам сите и како да се справам со празните кутии. А тоа е опасно сложено како за прв училишен ден🙂 И откако учителката го “отвори” првиот час, ме претстави и ме покани да почестам. Јас, мртва ладна, си станувам и почнувам да чeстам- ептен по ред: ова дете го знам од градинка, ова од маало, ова од забавиште, епа повелете другарчињаааа, останатите после ќе ги почестам, при втората тура- по ред! Значи од мала сум знаела за приоритети и VIP луѓе =) И нормално, по реакцијата на учителката, се вратив и почнав да честам по “вистинскиот” ред. Се засрамив што сум толку смотана и поцрвенев. А ептен ми е смешно од денешна перспектива =) Тогаш можеби ми била првата лекција дека постои нешто како протокол, ред и редослед кое треба да се почитува.

Петнаесет години подоцна- не се баш многу променети работите…Продолжувам да се однесувам неверојатно несмасно и смотано за време на празници, слави, свадби и други слични настани од официјален тип. Еве најново: веридба на брат ми. Иако беше понеформален настан од типот ние неколку души и тие неколку души, кај нив дома, малку заборавив да се поздравам со снајка ми при влегување =) (Поздрав снајка!) Значи имаш отворање на врата при што те пречекува снајка и њена мајка, и не знам кај ме наместија баш мене прва да влегувам. Си се поздравив со мајка и’, подарокот најнормално ми остана во рака и си продолжив внатре🙂 (После 5 мин: Ооо, здраво снајка, повели ова за тебе!)

Во тој правец, искрено се надевам дека за време на свадбената церемонија сестрата на младоженецот нема да има никаква посебна улога, освен да слави, пее и игра до бесвест.

Како уплав да имам од “протоколарни настани”, редоследи и слично. Кога бев мала, исто не ми беше јасно зашто ме караа кога ќе пречекав гости и ќе ги прашав дали сакаат кафе. Тоа кафе да ти се нудело за сиктер, а ја не знаев. Што е најтрагично, имаше луѓе што навистина ќе се најдеа навредени од тоа што мало дете ги прашало дали сакаат кафе уште на влезна врата. Мислам ок, може на некој стварно му се пие кафе…What’s the problem? Оние не толку блиски роднини и пријатели ќе се навредеа и кога подоцна ќе сфатеа дека некој им ја сокрил едната чевла, ама тоа е веќе друга тема која не влегува во областа “протокол”.

За моја евентуална свадба на пример, страв ми е дури и да помислам што би било доколку младоженецот сака вклучување на некои од добро познативе обичаи. Веќе се гледам како неповратно ми паѓа прстенот доколку се обидам да го ѕирнам мојот избраник низ него, или не дај Боже си брцам во око. А ако се обидат да буткаат врата, мислам дека можно е да ја прекинам целата фешта, да им отворам најкултурно и навраќајќи се на good old days, да ги понудам со кафе🙂

Празници или други поводи се уште една област погодна за беспрекорно презентирање. Сеуште ми се случува да прашам “И, што се кажува сега…?” Не дека мене нема да ми текне што да си кажам, ама…ептен да не ги срамам моиве. Затоа она “среќен празник” или “за многу години” секогаш проаѓа. Уствари, “за многу години” можеш несакајќи да го употребиш и кога не треба и ако си јас, убаво да ја оплескаш. А всушност некогаш баш е симпатично да си кажеш што прво ти дојде на памет.

Освен тоа што треба да се каже, постојат и некои други прашања од типот што се носи, кому се дава, каде се стои, кога се оди, колку се седи и сл…До душа, ако е возможно оваа моја, да ја наречам појава, да е наследна, тоа би објаснило некои работи. Се случувало на пример и мајка ми на порака “Христос се роди” да возврати- “Вистина воскресна”. Се случувале и ред други работи…Е сега, за оние понеубави настани стварно имам проблем. Прво, не ми идат вообичаените фрази. Второ, најбуквално ми се стега грло и трето, ниедна утешителна реченица не би ти ја пренела мојата тага или сочувство како што би ти објаснило ако наједноставно и најискрено, те гушнам.

Во црква на пример, еднаш една женичка ми укажа дека “не треба така да се стои во црква”. ??!?! А јас, ако не се лажам, седев на столче со прекрстени нозе. И додека ѝ возвратив нешто културно на женичката (фина беше, сепак…) си помислив “а бе бабче, баш моиве прекрстени нозе се проблем…” Освен тоа, што е тоа битно? Можеби баш тоа бил мојот “зен момент”. Можда истиот или нему сличен момент ќе го имам подоцна со прекрстени нозе или раце дома, главечки на некоја пољана, по улица, на кревет или над шоља.

Не е дел од мојата домашна библиотека

Женичката на пример, на точно одредени секвенци при пеењето на свештеникот се прекрстуваше, поклонуваше и нешто говореше. И тука си имало протокол бре… Но ако тоа нејзе ѝ е ок, ако знае зошто го прави и ако има некакво значење за неа- сосема во ред! Едноставно јас и бабче различно гледаме на работите и тоа е тоа. А црквата како физички објект, па и како институција по мене никако не е директно врзана со религијата. Религија и ритуал пак, е тоа се веќе два различни и неспоиви поими според некои мои сфаќања, кои фино би било во интерес на просторот, тука да не ги образложувам =)

Туку, ако не ви дојде спонтан заклучок за крај, да ве замолам да не ми замерите ако на некој за вас битен настан, просто не се снајдам со протоколарните правила и прописи =) Ете, јавно си кажав и сега што…Nobody’s perfect!

2 Comments
  1. Се додека не отидеш со добиено во црква на чисто си🙂

  2. Никад не сум на чисто али ај =)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: