Skip to content

Во очи или во тилот на Денот на дрвото

November 23, 2011

[ Веројатно ова е последното постаро нешто што го убацувам на блогов. Не е толку старо- од лани е,  ама во чест на денешново садење се поклопи оваа моја ланска еко-порака. ]

 

А уствари, ми се пишуеше нешто…И тоа намерно вака, жаргонски, обично се изразувам покултурно. Ама сега не сакам.

Се’ тоа убаво, и идејата, и масовноста и садењето…Оти па нели, за радикална промена потребна е масовност и голема организација. И убаво е да се има дрва, шумички, зеленило…Па пикници, па сенки, па излети, па дечиња трчкаат, млади/стари се љубакаат, абе уживанција, идила! Ама што праиме во остатокот од 364 дена во годината? И не само тогаш, и утре- за време на свеченото садење, да може само да добиеме статистика од идиоти што ќе фрлат отпад кај што ќе добијат моментална инспирација, од фраери што ќе испоплукаат се’ што им останало во грло, од напнати фаци што за секунд ќе испогазат и испокршат добар дел од ланските, или оломланските😉 садници…? Би биле изненадени од бројката! Е да…Иначе, оно убаво си е се’ … Или што би рекол господин господин Тенор- сакам зелено да ми е сеее’ ! Е сакам, ама нема. А многу поумно си отпеаа легендите.

 

“Кругот е малечок а во него сме сите,
и бате Кире, бате Лазе, бате Мите,
чекаат ред за вода, ред за воздух сите,
природата ни враќа,
броени се….деновите ”

Кој сфати-сфати…

Нејсе..да не ширам, зборот ми беше малце самосвест бе…Само не знам кога?? Ако треба ние да означуваме специјално неработен ден за една ваква кампања за да ни заличи средината, да ја рекламираме до бесвест, и уште да се дичиме на тоа колку сме одговорни кон милата ни земја и желни за напредок, и дека светот сме го смениле во овој свет ден, не знам кого лажеме! А со другото окце, нормално, свесно замижувајќи пред се’ она што го напоменав на почетокот кај статистиката..Се’ си е најнормално! И од утре- пак по старо! Три напред- две назад, во традицијата ни е!

Али ајде..ќе биде, кога ќе ги снема беспричинските уништувачи, хулигани, вонсериски кретени и не знам како уште да ги наречам- суштества што имаат несфатлива желба за уништување и огрубување на се’ досега градено…           Ура- бура, пак нема култура!

Ура бура, толку за оваа тура.

Си излајав, си кажав, благодарам на вниманието🙂

Одјава.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: