Skip to content

Во заграда

November 20, 2011

– Еј, здраво!!! ( Изненадување од оние кога просто не можеш да ја собереш насмевката)

– Еееј, па кај си ти?? (Боже, колку е убава! )

– – Следи прегратка… Искрена. Долга. Истиот парфем. Одеднаш, станува непријатно, или непријатно пријатно и прегратката се прекинува – –

– Еве бе, од работа. Од кога те немам видено… (насмевка)

– Е да, пројде време… (носталгична, шеретска насмевка)

– Што навака, тука си сега?

– Не бе, на ден само. (Освен ако не посакаш да останам…) Имав нешто работа, да средам папирологии, да се видам со луѓе…Знаеш како е. (насмевка)

– Да, да…Не било лесно сам свој газда,а? (Си за ка..фе..?)

– Е не е. (насмевка) Ти како си, што има, што правиш..? (Стварно е многу убава…Поубава од порано… Поубава од било кога)

– Добра сум бе. Нема нешто посебно ново.(Освен тоа што понекогаш…ми недостигаш…премногу…)

– Убаво изгледаш🙂 (Всушност, најубаво на свет!)

– (насмевка) Убаво ти стои брада.

– А, фала…почнав да ја носам така. Башка заштедува време и нерви за бричење🙂

– Тоа да🙂 Па добро, да не те задржувам…Еј, баш ми е мило што те видов! (…)

– Да, и мене! ( Абе не ме задржуваш…Всушност, сакам да ме задржиш…Всушност…ако те побарам утре… …)

– Се гледаме…

-Се гледаме, чаос…

– – Два чекора. Кратка пауза. Два и пол чекори…Сите недоречености, желби и загради собрани во половина чекор.

Три чекори. – –

8 Comments
  1. Вака би изгледало без заграда:

    – Еј здраво!!! Не ми се верува дека те гледам после толку време, се возбудив!!

    – Ејјјј, кај си ти??? Боже, колку си убава!!!

    – – Следи прегратка… Искрена. Долга. Истиот парфем. Одеднаш, станува непријатно, или непријатно пријатно и прегратката се прекинува – –

    – Ах…..Како би била со тебе некаде сега ммммм

    – Аххх и јас со тебе али јеби га се оженив у меѓувреме

    – Јас се верив:(

    – Кафе да се напиевме за старите добри времиња?

    – Уф да! Ајде.

    – Леле човече ама си убава!

    – А знаеш дека одвреме на време те мислам и ти мене ептен ми фалиш?!

    – Изгледаш најубаво на свет. Ќе си гризнам од гзот што те испуштив од раце.

    – (Пиво уместо кафе) Убаво ти стои брада.

    – А, фала…почнав да ја носам така. Башка заштедува време и нерви за бричење🙂

    – Еј, баш ми е мило што седнавме да пиво? Сакаш уште по едно?

    – Да, ДА!

    Пиво 2

    Пиво 3

    Пиво 4

    Текила

    Два после полноќ…

    Бакнеж

    Водење љубов за старите добри времиња

    -Се гледаме, чаос…

    – – Два чекора. Кратка пауза. Два и пол чекори…Сиот момент оставен зад себе..секој назад во својот свет…. во половина чекор.

    Три чекори. – –

  2. Ах ти умна жено!🙂 На здравје, за ослободувањето од заградите! =)

  3. баш сега, пред 10 мин го догледав Last night😉 дури и ме збуни текстот :))

  4. bravos i za dvete… (najubai ste)

  5. хехе, се случува, да се погоди во право време…😉

  6. Imenka permalink

    Мене ми се допаѓаат заградите🙂 Ми се допаѓа целиот запис, всушност🙂 Не ми се допаѓа брада, но не значи дека не е убаво, тоа само до мене е. Ме развесели многу убаво, благодарам🙂 Само така… прекрасничко.

Trackbacks & Pingbacks

  1. Блог избор [Ноември, 2011] | Кригла Пиво

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: