Skip to content

Игра: Персонификација | Епизода 1

November 18, 2011

Име: Љубов

Презиме: Непотребно

Прекари: Не ги сака воопшто.

Род: женски

Датум на раѓање: Непознат. Иако личи на 25/6 годишна, така личи секогаш. Не и е баш гајле за годините. Си живее.

Место на раѓање: На територија на источна Африка- денешна Сомалија.

Адреса на живеење: Променлива.

Државјанство: Што е па тоа?!

Физички изглед:  Долга лелеава коса- кафено-црвеникава (зависно светлината). Усни створени за бакнување и ништо друго. Опасно згодна. Изразени облини. Едноставно неодолива.

Висина: 170-175 cm.

Тежина: Нема. Вагата просто не се мрда.

Лични карактеристики: Весела. Разиграна. Безгрижна. Крајно шармантна. Хедонист од раѓање. Може да згреши- секогаш ненамерно. И не е можно да не ѝ простиш. Не се оптеретува. Со ништо. Многу почитува кога не ја оптеретуваат. Непредвидлива. Незамисливо добродушна. Доволно интелегентна.

Предци: Нема

Потомци: Многу. Има и многу пријатели, непријатели, нус производи…

Останати забелешки: Може, а не мора да оди рака под рака со т.н. Брак. Иако, најчесто со тој фраер  ја поврзуваат во последно време. Веќе се навикна. Некогаш се надополнуваат и растат заедно. Некогаш си пречат, па секој на своја страна. Некогаш не се ни запознаваат. Има добри пријателки, ама има и од оние другите. Не се грижи многу многу за тоа и не се плаши- освен од обврски и досада. Убаво ѝ е. Прави да им е убаво и на другите. Им простува на оние (99%) што ја пцујат до коска во одреден дел од животот. Затоа што е доволно паметна да сфати дека тие всушност ги пцујат нејзините непријатели или нус производи…само на погрешна адреса ги праќаат пцовките. Таа не била таа ако сте во лоша емотивна состојба, ако се разбираме…Можеби и била, но си заминала и сега чуму пцуење и зошто на нејзина адреса? Само почит и слава кон Неа, да е вечна ^^

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: