Skip to content

Живот на кредит

November 12, 2011

Пошто ова не е никаква стручна експертиза, како интро:

Кредит = извесна количина на ресурси,нешта, што и да е, кои ги земаш од некој- кој и да е и кои по извесен период ќе мора да ги вратиш- како и да е. Секако, во количина поголема од првичната.

Аналогно, имаме: кредитор- т.н. манга во завидна позиција, должник, можда гарант, позајмувач, молител, рекетар, напатена душа, лаком идиот и сл… Различни ликови може да се појават како улоги во сценариото настанато поради одреден кредит.

 

       Слика преземена од http://www.creativepro.com/article/scanning-around-with-gene-pay-up-or-else

Мене лично, отсекогаш ме нервирала  и самата помисла на земање кредит- било каков, па макар и оној со 0 % камата, наречен другарска позајмица. Не дека тоа е лошо, не дека не се случува, не дека кај нас често е и крајно неопходно, ама ете мене не ми е пријатно. Ме нервира! Просто го мразам принципот на кредит. Можеби така сум била учена и од мала, да гледам да не се задолжувам кај никого, па ми останало тоа до ден денес. Знаете она кога му должиш на другарчето 10 ден. за уште еден Руменко и 20 за позајмените касети од видеотека Кинг или Hollywood.  Епа, “одма да му ги вратиш парите и да не ти стане навика!“ Од денешна перспектива, мислам дека стварно многу е битно она “да не ти стане навика”.

На страна оправданите причини за земање на кредит во некои ситуации, економската полезност (за кого-како) од истиот, бла бла бла и слично. Кредит овде се зема бре за се’ и сешто! Не само што се зема за се’ и сешто, туку буквално живееме на кредит.

Покрај најпознатите случаи на кредит, пример за кола или стан, мошне е тренди земање кредит и за свадби, крштевки!!! разно разни прослави и поводи. Да земеш кредит за свадба! Покрај фактот што многу од сличните традиционални помпезни фешти, прослави или обреди мене ми се тотално непотребни и несфатливи, уште поглупаво ми е земањето кредит за нивна реализација. Демек тоа се работите што “мора” да се направат и срамота е да не се покажеш, како што доликува, на нивоу…бррррр@@@

Е сега, трагедијата е многу поголема кога ќе дојдеш до “дереџе” да си задолжен на национално ниво. И тоа онака, баш фино задолжен. Пофино што не може да биде. И незамисливо малку луѓе ја сфаќаат сериозноста и значењето на сето тоа. Тоа во превод значи, дека секој од нас дебело ќе враќа! Скоро секој де, нормално…Најмоќните лавчиња секогаш ќе растргнуваат други ситни животинки, исто како што и најмоќните рози ќе си цветаат и сред мочуриште. И баш ќе им чуе! А вие до утре делете се на црвени и сини, скокајте ко избезумени по митинзи и расправајте се во чие време поубаво се живеело.

Еве, најново се израдувавме и за оние 130 милиончиња од Дојче и Сити банк, уште едни во низата, добиени под цитирам: “исклучително поволни услови”. Алооо!!! Можеш да си и комплетен лаик, се‘ што треба да направиш е да грабнеш дигитрон и да удриш 5 % на 130 милиони. Мислам, дај не ме је**! Е сега, додај ги и оние претходните долгови од годинава… Е сега, замисли се дали ти или твоите неродени деца ќе ги враќаат долговите и до кога. Попатно, прашај се дали се инвестира во нешто што креира домашна вредност, поттикнува самофинансирање и би создало капитал на долг рок. И сега, триумфално чукни си ја главата од ѕид. 3 пати- за среќа!

                    Македонска финансиска стратегија…на долг рок🙂

Слика преземена од: http://westernstandard.blogs.com/shotgun/2008/04/index.html

Ова по малку ме асоцира на некое раску*назено неспособно детиште што според епитетот, се ку*чи со парите што му ги дава богатиот чичко од иноземство и глуми најјак мангуп у маало. Онака се покажува пред сите и луѓево го сакаат. Само што во ситуацијава, за несреќа никој не ни е чичко. И исто така за несреќа, некој кога бил мал очигледно се гребел и за Руменко и не се научил на одговорност и работа.

За крај, би поздравила со добро познатата “Не ги пуштај нозете повеќе од чергата”.  Simple as that! Голема мудрост да ти била збрана во овие реченички. Зашто, како што не учеле ко мали, не е здраво бос по цименто. Е сега, ако сакаш да ти биде поудобно и ако сакаш поголема черга, иглата во раце бе златен, научи да плетеш! Само да се ку*чело, мајку му…

П.С. Благодарност до инспиративните муабетџии деновиве и поздрав до другачка ми од кредитно😀

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: