Skip to content

Спонтани предлози, онака, за општо добро…

October 29, 2011

Во автобус, ако веќе стоиш пред излезна врата, тргни се на страна кога се застанува. Помисли дека уште толку време ми треба да те заобиколам тебе и твоите кеси.

На пешачки, ако веќе ми застануваш, не мора да правиш неартикулирани движења со раката ниту па да објаснуваш дека тоа е пешачки, а не модна писта. И така дефилирам само на зелено, а и одот ми е прилично брз.

На пешачки, ако врне истура и не ми застанеш да поминам, со можност и да ме попрскаш попатно, како не ти паѓа онака бар малку незгодно…? Ти барем си во кола, на топло и суво.

Ако веќе играш нечесно, твој избор кој мене апсолутно не ме интересира. Не се мешај во туѓи игри и не пробувај да менуваш туѓи правила.

Ако ми кажеш “добар ден”, веројатноста и тебе денот да ти е подобар се зголемува. Проверено.

a)      Ако како компанија, институција и сл. нешто згрешиш, свесен си за тоа и не ми се извиниш или не ја поправиш грешката, нема да те посетам/направам профит никогаш повеќе. И сигурно нема да ме изгубиш само мене како потрошувач. Знаеш, јас имам пријатели…

б)      Ако признаеш и ја оправиш, ќе те ценам дупло повеќе. На твој јазик- ќе имаш повеќе профит и добар глас.

Ако те видам да правиш ѓубре на улица, ќе ти го памтам до крај на живот, со можност да ти удрам клетва дома да ти е дупло понечисто. Мои клетви можно е да фаќаат.

Ако си градоначалник, претседател на некоја општина или извор близок до споменатите, те молам ургирај да се постават повеќе канти за отпадоци НАСЕКАДЕ.

Ако си надлежен, запознаен или чисто ти се праи муабет на темава- до кај сме со казните и Законот за јавна чистота…?

Ако си професор, фино би било да сфатиш дека твоја задача е константно да се дообразуваш. Инаку, слободно можеш да ми ја препишеш твојата диплома и мене, и додај таму година 1990. Ако си од онаа другата сорта, сигурно не се навреди зашто знаеш дека те ценам и ти благодарам. Многу.

Ако не си општествено корисен и не е толку страшно. Ете, големо исполнување ќе биде барем да не си штетник.

Ако ме видиш да не почитувам нешто од она што сум напишала, слободно удри ми заушка и кажи ме на сите🙂

Ако не ти се допаѓаат предлозиве, никому ништо, може ќе смислиш и подобри. Ако ти се допаѓаат, сподели… Па можеби ќе направиме да ни биде барем малку поубаво, посреќно и поудобно.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: