Skip to content

Мојата улица

October 13, 2011

И повторно, живна архивата. Еве на пример, сосема сум заборавила дека лани сум напишала нешто вакво посветено на милата ми уличка. Напишано е пред една година- баш во октомври. Овој октомври, ништо не е променето…И еве што вика:

 

Мојата улица е малечка, со многу душа,

Секогаш различна, секогаш посебна.

Мојата улица е во 1000 бои обоена, прелеана, замислена, насликана…

Ех, кога само би го имал погледот од мојот прозорец…

Кога само би го почувствувал нејзиното дишење дури чекориш по старата калдрма.

Мојата улица мириса на моето детство, мојата младост, мојот живот.

Мојата улица чувствува кога сум среќна, збунета, тажна, решителна.

Секој пат различно ѕвечкаат моите потпетици,

Секој пат различно тежи воздухот над сивите коцкички.

Ах, преубава е мојата улица во октомври.

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: