Skip to content

За животот и планината

October 8, 2011

Татко ми е планинар. Кога бев многу мала и кога ме носеше на Водно, не ни замислував дека сите совети што ми ги даваше во врска со планинарењето всушност стопроцентно се рефлектираат и во животот, во d real-life. А кога ќе видиш, нема нешто по real од планинарењето. Ти и природата, толку сте. И ништо друго не е ни потребно.


Татко ми секогаш ми велеше да научам да го слушам сопственото тело, да го контролирам дишењето.  “Ако си уморена, зошто брзаш? Дишењето ти кажува само по себе. Слушај се самата, ако си задишана успори малку и ќе видиш како ќе ти се стаблизира дишењето и срцето. Слушај го ритамот, не си на трка. Ама не застанувај.” А колку навистина го слушаме сопствениот ритам…? Телото само ни кажува многу работи, а ние не ретко го силуваме…

Често ќе се обидев да скратам по некоја патека, да се искачам по оние кусине стрмни патчиња, што не се ни патчиња туку угорници полни со корени од дрва и камења, наместо по вистинското убаво патче со трева и дрвца од страните. И пак ќе ми речеше: “А што ако го скрати патот за 2 минути? Повеќе се измачи, повеќе се измори, башка што залудно си ја трошиш енергијата. Битно е да уживаш во одењето бе сине, а не побрзо да стигнеш.”  И пак си во право тато мој, животот не е трка…

А кога си искачен на некој врв, се чувствуваш толку чисто и возвишено… Се чувствуваш задоволно и исполнето, исто како по секој постигнат успех во животот. Колку е повисок врвот, толку е чувството посилно. Толку е едноставно таму горе, па да, и животот е сосема едноставен. Тогаш сфаќаш дека секоја капка пот се исплатела за твоето задоволство и сите оние “огромни” проблеми од подножјето се така минорни и небитни. Горе, ја гледаш големата слика. Сфаќаш дека многу работи се небитни, сфаќаш дека некои други работи се побитни…Се чувствуваш едно со природата, го почитуваш патот кој си го поминал и ги почитуваш сите лекции на кои те научила планината. Ја почитуваш, ја љубиш неа- планината…

3 Comments
  1. Miki permalink

    Solunska glava🙂

    ili ak one seglea eve🙂

  2. мхм🙂 Баш тој поглед многу ми е убав🙂 И малку понапред кон врвот, кај рамницата

  3. Miki permalink

    за овој дел🙂


    🙂

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: