Skip to content

Другарите по серенадите се познаваат!

September 29, 2011

Ништо поубаво од тоа да добиеш подарок, освен можеби кога ти самиот ќе го подариш на некој драг. Две страни од иста паричка. А обично и не е баш до самиот подарок, туку до чувството што те преплавува кога го добиваш. А чувството е особено силно кога подарокот е пропратен, или самиот се состои од извесно изненадување- мојот омилен тип на подароци =)

Саплајз!!!

Не дека не можат да бидат драги и сите оние “обични” подароци како цвеќиња, чоколадо, накит, парфем, парче облека…Ама мене отсекогаш повеќе ме радувале оние другите, оние што влегуваат во категоријата hand-made, self-created, alien-type итн…Ме разбирате🙂 Или оние што изгледаат сосем обично, но се даваат на необичен начин. Како на пример обична, најобична шампита што во некоја пригода ни крива ни должна ќе ја добиеш целосно во фаца. “Иза леџа” стил. А секако дека тоа би бил еден од оние моменти кога си посебно скоцкана, нашминкана и исфенирана. Тоа се тие незаборавни подароци, оние што ќе те насмеат од срце, што ќе ти ја наполнат душата со топлина и очите со детски сјај. Оние на кои уште долго носталгично и со насмевка ќе се сеќаваш. Таквите подароци и изненадувања за мене се нешто свето, едни од највредните спомени. А бидејќи ова беше месец на убави нешта, убави поводи, убави прослави, спонтано се присетив на дел од ваквите мои подароци…

Да речеме, замислете една девојка, со доволно години за на денот на нејзиниот роденден да треба да стане рано, како се подготвува да си легне околу полноќ. Токму на полноќ, девојката најнормално си мие заби, како најнормален чин пред легнување.  Не дека не и паѓа чудно што никој од другарите и другарките (ама зазвуче ова, ѓоамити Титови пионери во 20хх) нема да и го честита роденденот во живо, ама ајде си вели, па нормално е веќе, секој со свои обврски…И така, на сред миење заби, додека бесцелно си шета низ станот како по обичај, слуша еден обид за “Happy birthday to you”, прилично гласен, од прилично задоволителен број на грла. Се затрчува кон вецето за да ја исплакне устата и правец кон звукот, кој некако доаѓа од нејзината соба. Уствари да ти било тоа од под нејзината соба, под нејзиниот прозорец. Десетина  души- нејзината весела дружина, со огромна плутена табла прекриена со виолетова хартија и сребрени ленти, ишарана и испишана по повод нејзиниот роденден пејат ли пејат, ако тоа воопшто може да го наречеме пеење🙂 Тоа што веднаш до нив и до нејзиниот прозорец има кафич полн со љубопитни набљудувачи нема никаква врска. И тие се забавуваат и ракоплескаат🙂 А таа, среќна и благодарна што има таква телетабисна дружина, се затрчува кон нив во плав шорц и бела маичка…

Сега замислете ја истата таа соба, истиот прозорец, истата девојка. Само што сега таа е болна од онаа идиотска температура од скоро 38 целзиусови. Истовремено, еден младич во очи на неговиот роденден, веќе е благо потпијанет и зашеќерено развеселен. Таа, повторно најнормално, жали што мутаво лежи по дома наместо да биде со него. По малку и се движи, од кревет на фотелја и обратно. Кога конечно чувствува дека се ближи вистинскиот сон наместо она познато чувство на омалаксаност и апатичност, ете ти го младичот, ѕвони ли ѕвони на телефон. Нешто по полноќ е. Таа помалку неволно се јавува, омалаксана и нервозна бидејќи сега сигурно уште долго нема да заспие.

– “Ало?”

– “Излези на прозор!” – ја поздравува весело нејзиниот младич во неговото најдобро расположение.

– “На прозор??”- повторува механички како дебилно папагалче, мислејќи си со здравиот дел од мозокот “Ваљда не!”

Епа да- токму под прозорецот, веднаш до истиот кафиќ со истите или овој пат други љубопитни набљудувачи стои гордо тој, со невиден сјај во очите и со најдобриот другар покрај себе. А другарите, во серенадите се познаваат. Таа е потпрена на прозорецот, со широко отворени очи, со подзината уста и целата во исчекување. Следи невиден перформанс; мелем за очи, уши и душа, смех до суза и пад на гуза! My heart will go on ит ис, секако пропратена со добро познатите Титаник покрети, оние на палубата од бродот. Само овој пат, изведени од двајца машки актери. Да се откостиш од смеење и од ќефови. Среќа што немаше ни палуба, ни океан оти отидоа моиве нестабилни јунаци јабана. Дури и сите набљудувачи од кафиќот го поздравија овој смел потег. Сигурно многумина си мислеa “алал да му е на детево”, “будала” или “што ти прави алкохол…” По некоја девојка можеби си помислила и “блазе си и на девојкава”.  А младичот- го боли уво за сеирџиите, за минувачите, за тоа што кај и да е ќе го разбуди татко и’ од спиење и за што и да е друго. Тој дојде, си ја отпеа, изведе незаборавна кореографија  и се врати таму од каде што и дојде- Маракана. Рака под рака со својот другар. А девојката, уште долго потоа не можеше да се собере од смеење и ни на крај памет не и падна дека пред само неколку минути имала температура 38.

Ете, и тоа е подарок, впрочем еден од најубавите. Секако морам да споменам барем уште неколку такви, од убави поубави, од драги подраги. Еве на пример  видео како роденденски подарок направено од рандом заеднички слики и не-рандом текст. Грее душа уште по првата слика, уште по првиот акорд од пропратната музика. Или пак подарок оставен на работ од прозорецот во твојата соба, на истото дрвено НЕШТО на кое се потпирав дури не можев да и се изначудам на серенадата, (збор кој не ми текнува во моментов, па утепајте ме:) замотан во неколку листови- некакви си даночни пријави кои којзнае од каде ги нашле во моментот моите мили легенди-истите оние со шампитата погоре. А од под пријавите, ѕирка еден медал со сино-бела трака за околу врат и една мала дрвена табличка со нацртана илустрација на неа…Изузетно сум му благодарна на маалскиот мачор што го одминал подарокот бидејќи моите легенди мудро заклучиле дека јас секако ќе обрнам внимание на нивното укажување да го затворам прозорецот пред легнување🙂 Подарокот, многу нормално го видов дури наредната вечер, откако ме прашаа дали сум го затворила прозорецот🙂

Ете така оди со тие подароци…А оваа девојкава, за која што ви зборувам цело време, ќе биде многу среќна ако сега и вие изненадите некого. Што побрзо, што повеќе, кога и да можете… На ваш начин, во ваш стил🙂 Изненадувајте често, нетипично, да има доволно материјали и за комшиските внуци и правнуци. Време е🙂

One Comment
  1. Elena permalink

    hh..smile;)

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: