Skip to content

Љубавна

September 28, 2011

Те сакам како што сакам сонце во септември,

Уствари како што воопшто го сакам септември,

Те сакам како утринско кафе,

Како Дорина ледени коцки за со кафето,

Како “Always with me, always with you” од Сатриани,

Како мирно утро покрај море,

Како тивка вечер на кеј,

Како гласна вечер во најдобро расположение,

Како топло зденка-маслинки,

Како ладно точено во јули,

Како Milka noisette за време на ПМС,

Како последната лажичка Нутела,

Така јас те сакам…

 

Како што ти ги сакаш Харис и пријателите,

Така јас ти простувам,

И не ми е гајле, зашто пак те сакам.

Те сакам и небричен,

И во плаво-жолтата кошула што не можам да ја смислам,

И кога ме нервираш,

И кога ти се лутам,

И кога ми се смееш зашто сум била удрена,

И кога ме гушкаш најубаво на свет,

Да, посебно кога ме гушкаш најубаво на свет…

Ти како сакаш, јас само… многу, најмногу те сакам🙂

Leave a Comment

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: