Skip to content

Дебармаалски лезет

September 24, 2011

Дебар маало е едно магично место. Не дека е зборено и презборено, менувано или можеби огрдувано…Кој го почувствувал, ќе ме разбере. Нема поголем лезет од мирна дебармаалска седенка со пивце. На триаголничето со индијанците што многу ме бендисуваат, “ пред дуќанче“, на ѕидче пред општина Центар, во кафанче, на клупа или карши- во парк; местото не е битно, чувството е секогаш исто.

Поготово кога до тебе седи легендата од малиот голем човек- една од моите омилени плавуши🙂 Meet Ivana- моето омилено маалско другарче =) Некако зачестено се одвиваат нашите кратки маалски прошетки (на обострано задоволство). Излегуваме на пола саат да не фати воздух и да свртиме некое кругче. Попатно, душичката ќе си побара малку пивце…Онака, сосем спонтано, за уз муабет. И, кој друг ако не комуњарот- само тој е сигурен џек пот во околината. Работи и после 21, напорно како Владата😉 Уште на влез ќе те погледне со втренчен поглед, ќе се поднаведне и ќе ти рече: “Кажете”. Дур ти изустиш две лименки- он веќе ти ги пикнал во ќесата што ја носиш во рака. И така, не ни приметуваш кога дошло 1 по полноќ. Ама убаво ти е. Во една таква вечер со ладното пивце под рака, сите проблеми и грижи ти изгледаат како да не се битни, како да не се случуваат сега, како единствено да постои клупата, патеката и кејот пред тебе. А и стварно не се битни- омилениот заклучок од секоја таква вечер. Ако некогаш ме спобрлават некои си грди “проблеми”, ме накиснат киселници и ред други неконтролирани зае.анции во овој мој инаку прекрасен живот, знам дека една таква вечер би ме оправила. Со сигурност. Ок, евентуално неколку🙂 Поготово што Ивана, за општо чудо и задоволство во клучни моменти знае да биде неверојатно мудра🙂 И да ти го отвори третото око. Барем се’ што ќе каже е на место, просто неверојатно…🙂

Дебар маало значи стил на живот. Не е само кафаната, мада фала Богу и тоа е значаен дел од стилот:) Дебар маало е уживање на местата кај што си ги заработил првите детски рани, чувствување на духот на оние места што сега изгледаат малку или малку повеќе поинаку, правење опуштен и неврзан муабет со комшиите, продавачите, другарите од детството, келнерите…Дебар маало е возење со точак низ познатите улички, еклер и боза од Апче, шопска и лоза бирај од каде, патлиџан и пиперки од пазарче, Орце и Цигара-мен од секој ќош. Дебар маало е детскиот џагор (од секогаш ми бил смешен зборов: ) од “Коле”, гласачките кутии што години подоцна ќе те потсетат на детскиот џагор во “Коле”, а ќе те потсетат богами и на народна, лепчиња, грабни стапче, први симпатии, Донка и Пики, Лена и Светле, Ото-нос и подрумот. Дебар маало сега е и шемата, ама тоа не е баш моето Дебар маало. Односно е, што зборам глупости. Поготово кога во една таква совршена вечер, во тренерки, максимум фармерки и патики, со Ивана ќе поминеме низ блескавата улица. Ја знаете, онаа што вришти од тешко заработени автомобили, светкави барбики и пластични Кенови. Не, не се трудам да бидам саркастична… Само ми доаѓа🙂🙂 Ок, не љубам ни да генерализирам, и таа улица има своја душа, не дека постојано има кич-парада и издувни гасови на тон. Само чудно ти паѓа кога баш во твоето мило маало, недалеку од твоите омилени и лезетски местенца сега л’ска таков панаѓур. Нејсе, тебе баш ти е убаво кога ќе поминеш од таму во ударно време, крајно опуштен во твоите удобни облеки и со твоето омилено маалско другарче=)

Да не се лажеме, Дебар маало се и љубопитните комшики (сегде ги има, де..) и швајцарската улица од Апче кон ново-шемаџиските кафиќи. Швајцарска да, затоа што е како швајцарско сирење. И секогаш се пцујам сама себе кога после дожд ќе заборавам и ќе тргнам по неа.

Дебар маало се и дедовците што си играат шах, дечињата што веќе не знам дали и кај си играат, комшиките што се симнуваат пред зграда и си прават муабет…(сега со мобилен во рака, пред 10 години сите си ги носеа бежичните:), дебармаалските кавалери (загрозена сорта), дебармаалските љубители на добрата чашка (се намножуваат по геометриска прогресија), дебармаалските клошари и сеирџии, матично, тарабуките и кумот.

Ах…Дебар маало беше и мојот драг двор, моето уште подраго дрво, јоргованот, џунџулињата, омилените срце-цветчиња, вишните, работилницата на дедо ми, сливите на комшиите, авторитетот на Спиро, иксот за “жмури”, жолтото поштенско сандаче, калдрмата која сведочи за еволутивниот развој на моите чекори и целосната статистика на падовите, “тајните” премини низ општина Центар кон учителската школа, десетиците згрижени кучиња, мачиња и слични животинчиња, “тепачките” со соседното маало (две улици потака)… Ме разнежни ова спонтано ретро на моето мило маало. И тоа е неопислив лезет.

Дебар маало се содржи во се’ што спомнав и што премолчев, во илјадници живи сведоци, во илјадници смешки и легенди. Баш би сакала сега да ја прочитам приказната за некогашното Дебар маало, за неговото детство, за неговиот развој, за неговиот живот…А кога ќе видиш, таа приказна и не се дочитува. Таа приказна се живее. Животописот на Дебар маало е еден фин, колоритен, мерачки мозаик. И тоа четвородимензионален- со ширина, висина, должина и дух! По ѓаволите со теориите за простор и време- тие овде, фала Богу, не важат.

3 Comments
  1. SALE STANKOVSKI permalink

    GOLEM LIKE ZA OVA SEKOJA CEST , A TIE STO NE ZIVEAT VO DEBAR MAALO I STO DOAGAAT SAMO ZA KAFE ,NEMOZAT DA GO POCUSTVUVAAT VISTINSKOTO DEBAR MAALO .SEGA ZA ZAL IMA MNOGU DOSELENICI VO OVA NASE MAALO I NEKAKO KO DA GO GUBI SMEKOT DEBARMAALSKIOT DUH.

  2. Lighter.. permalink

    Preubavo napishano, vistinski zborovi, odlichen nachin za dolovuvanje na Debarmaalskata slika! Iako ne zhiveam tamu, ushte od mala, mi bila omilena naselba… Posebno vo zima..kontrastot na beliot sneg i ubavite ulichki so zholtnikavi svetulki.. Sekoja chest, stvarno!🙂

  3. ne golem TUKU PREGOLEMM LIKE!

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s

%d bloggers like this: