*Новогодишна елка од шишиња*
Што? – Новогодишна елка од шишиња де
Зошто? Е “зоштото” е најбитно. Прво, ќе имаме убава елка од пластични шишиња кои инаку најверојатно би завршиле во контејнер заедно со друг отпад. Ние ќе се дружиме еден ден за време на правењето на елката, а сите вие може да помогнете или да фаќате сеир. Целта е многу корисна за сите- селектирање на отпадот и рециклажа-> посвесни граѓани за поубаво и почисто Скопје ^ ^
Кога? Правењето на елката ќе биде на 25 декември во Градски парк. Собирање шишиња секој ден до тогаш!
Што треба?
- Шишиња. Многу шишиња. За таа цел, смисливме дека најпогодно би било да одредиме ден и неколку места низ Скопје каде што ќе можете да ги оставите вашите ценети празни шишиња. Бидете фини и на 24 декември од 12 до 14 часот поминете и оставете ни шишиња.
- Плато пред Универзална сала – таму ќе ве чекаме јас и Ивана
- Бисер – ќе ве чека Ајродромскион
- Карши хотел Бристол – ќе ја видите Тамара
- Лептокарија – таму ќе ве чека Дарјан
- Капиштец пред Беверли Хилс –ќе ве чека Јована
- Цедиња- за елката да има лампиони
- Скалпери- за сечење на шишињата, па ако не’ дружите во Градски Парк земете по еден скалпер од дома.
Ако ви се допаѓа идејата и сакате да помогнете, ама немате време или чисто ве мрзи, пак можете да помогнете. Се’ што треба да направите е да ги чувате шишињата до сабота, да ни пишете на Facebook или Twitter и некој ќе помине и ќе ги земе
Секој предлог е добредојден!
Кумановци- на 17ти или 24ти може да оставите шишиња кај Сања дома. За сега толку сме во можност да ја прошириме иницијативата, ама баш би било кул да инспирираме луѓе и од другите градови да направат нешто слично! И со тек на време, да ни стане навика да го селектираме отпадот и да се грижиме за градот исто како што се грижиме за сопствената куќа.
Друга работа, во понеделник е Св. Никола и сигурно или ја славите, или сте кај некого на слава. Па, како што кажа Јована, помогнете му на домаќинот околу ѓубрето а нам околу елката, соберете празни шишиња кога ќе си одите накај дома.
Не биди зелка, направи елка!
Се гледаме нареден викенд.


Глупоќо, тој кафено шише како да е нашибано/убутано/спичено у млади зелени дундиња. Риспект за графичко решење кое не е дизајн него СПУШТАјн! Браво!